Без победник 1:1 заврши воведниот натпревар од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Шкендија, одигран на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје поради средувањето на Националната арена за дуелот со Велс на 25 март од квалификациите за Светското првенство 2026.



Тетовските „црвено-црни“, кои ги добија претходните два меѓусебни дуела сезонава, поведоа преку Решат Рамадани во 22. минута, а четири минути подоцна Едис Спахиу го постави конечниот резултат.

Со овој бод Шкендија се зацврсти на врвот на табелата со 50 бода, а Вардар е осми со 22 пред останатите мечеви Брера – Силекс, Беса – Струга, Шкупи – Пелистер, Тиквеш – Гостивар и Воска – Работнички, закажани за утре од 15 часот.