Најдобрите македонски фудбалски екипи во моментов немаа среќа при жрепката за четврт-финалето од Купот на Македонија. Среќата сакаше првакот кој десет години не видел финале и водечкиот во првенствово кој два пати по ред игра во кулминацијата на Купот, да се соочат уште во термините (17.12.2017-21.02. 2018), секако под услов Вардар да го мине Шкупи во средбите од претходниот круг.
Што се однесува останатите двојки, специјалистот за ова натпреварување Тетекс ќе се сретне со вториот во првенството Академија Пандев, Ренова е фаворит против Скопје, а во пелагониското дерби Пелистер ќе игра со Победа.