Вардар ја совлада Детонит Плачковица и избори опстанок во Првата македонска фудбалска лига

Вардарци следната сезона повторно ќе играат во Првата македонска фудбалска лига откако денеска во Струмица на стадионот „Благој Истатов“ во баражот ја совладаа екипата на Детонит Плачковица со 2:0.



Фудбалерите на Вардар работата ја завршија за четири минути и тоа во финишот од првиот дел. Подобрата игра во првото полувреме беше крунисана со голот на Дејан Ѓуриќ во 42. минута, а само четири минути подоцна Лука Шушњара со одличен гол ги реши дилемите околу победникот.

„Црвено-црните“ во вториот дел се решија за одбрана на резултатот, противникот се обидуваше, ама не успеваше да го загрози нивниот гол.