Фудбалскиот шампион на нашава земја ја продолжи серијата победи во домашното првенство откако попладнево во Струмица во заостанат дуел од 8 коло го совлада тимот на Академија Пандев 2-0. Ова за „црвено-црните“ беше четврта победа по ред, а головите ги постигнаа: Максим Максимов во 45 минута и Ацо Стојков во 88 минута. Овие две екипи имаат и нов меѓусебен натпревар кој е од 17 коло, но него ќе го играат на 10 декември во Скопје.
Попладнево се одиграа и три средби од редовното 17 коло. Силекс го совлада Работнички со 2-1, Победа славеше кај Скопје со 1-0, a Пелистер и Шкупи одиграа нерешено 2-2. Рундата вчера ја отворија Шкендија и Ренова (6-1)
Табела:
Шкендија 43 (17)
Вардар 32 (15)
Силекс 28 (17)
А. Пандев 25 (16)
Работнички 20 (16)
Шкупи 20 (17)
Победа 18 (17)
Ренова 17 (17)
Пелистер 16 (17)
Скопје 10 (17)




