Вардар во Шпанија за поправање на впечатокот

Црвено црните според најавите нема многу да менуваат ниту во екипата, ниту во концептот за настапот број 4 во групната фаза од Лига Европа. Всушност дуелот на Вардар кај Реал Сосиедад (21.05) не му дава кој знае каква шанса за маневар на тренерот Чеде Јаневски и тој нема премногу да се отвора иако го најавува Блежевски за стартер, и затоа одново ќе оди пред се, со засилен среден ред, зошто токму тој беше најмалку отпорен на шпанската доминација во првиот меч во Скопје. По изданијата на двата тима пред 14 дена кај нас, Реал Сосиедад не ни остави многу простор да се надеваме, но од друга страна секоја минута, секоја шанса, одбрана, гол, за нас ќе бидат многу важни.



ЛИГА ЕВРОПА-4 КОЛО

Група Л:
РЕАЛ СОСИЕДАД 21.05 ВАРДАР
РОЗЕНБОРГ ЗЕНИТ

Табела:
ЗЕНИТ 9
РЕАЛ СОСИЕДАД 6
РОЗЕНБОРГ 3
ВАРДАР 0