Ракометарите на Европскиот првак попладнево играат со Нексе во меч од 8 коло во СЕХА лигата, а гостувањето во Хрватска беше искористено за преубава акција. Имено над 260 книги на македонски јазик, кои организацијата на црвено црните ги собра преку донаторската акција, беа предадени на градската библиотека во Нашице. Иницијатовата за собирање на книгите произлезе од потребата да се збогати понудата со македонски наслови во библиотеката во Нашице, каде постои македонски читателски агол наменет за големиот број Македонци кои живеат во овој хрватски град.





