Вардар го доби дуелот со Металург во Борис Трајковски со 32-23 и не остави дилема кој го владее најракометниот град во Европа. Неизвесноста овој пат, како ретко кога, траеше само десетина минути, по кои европскиот првак од 3-3 направи серија од 5-0 и практично го реши градскиот двобој со кој е отворена СЕХА лигата. Металург се обидуваше, но најмногу што успеа да стори е приближувањето на минус 3, и тоа во два наврата во раната фаза од вториот дел, но потоа одново Вардар засили и оствари една една од поубедливите победи со големиот ривал. Во редовите на победникот Дибиров даде 5, а Македа и Борозан по 4 гола, додека кај Металург Пешевски имаше 5, а Анџелиќ 4 реализации. Следниот меч за Вардар е со Горење во Скопје во вторник, а Металург ден потоа во Панчево има дуел со Динамо.




