Триумфот на Вардар со Фенербахче во плеј оф дуелот број 1 од Лига Европа од 2-0 е голем и ги егзалтира навивачите, играчите, целата македонска јавност. Највнимателен е новиот тренер на црвено црните кој на пресот предупреди дека за вкупна победа ќе мора да се издржи пеколот во истанбул.
„Имаме добра предност, но во заблуда сме ако почнеме да мислиме дека сме ја завршиле работата. Не очекува многу жежок реванш во Истанбул. Од искуство знам дека таму ќе биде „пекол“ Овој натпревар заврши, треба да се фокусираме на првенството, а потоа ќе мислиме и на реваншот со Фенербахче. Ќе ни недостасува капитенот Бобан Грнчаров многу, тој е вистински лидер на теренот“ соопшти тренерот на Вардар.
Убедливо најдобар поединец на Вардар во една од најголемите победи во неговата историја беше голамнот Филип Гачевски. И тој е свесен дека ова е само првиот чекор.
„Овој триумф е најголем во мојата кариера, мислам дека да се победи милионскиот Фенербахче не е мала работа. Но, знаеме дека ништо не е завршено, не чекаат уште 90 минути, но верувам во моите соиграчи дека ќе го оствариме она за сме тука дојдени. За реваншот има време, следната пречка ни е екипата на Победа, за која исто така ќе мора добро да се подготвиме“ рече чуварот.





