Владимир Глигоров, син на покојниот прв претседател на Македонија Киро Глигоров нема проблем Македонија да ги прифати имињата Вардарска Македонија или ФИРОМ како трајно решение во спорот со Грција.
Во изјава за бугарски медиум Глигоров кој работи за Виенскиот институт за економски истражувања, вели дека Вардарска Македонија или ФИРОМ се варијанти за решавање на спорот за името затоа што, ако во решението го има зборот Македонија секоја варијанта е прифалива за неговата земја.
Според него Македонија треба да ја праша Грција со кое име сака таа да и се обраќа и тоа име да го прифати, дури и сегашното привремено име ФИРОМ за него е прифатливо да стане постојано, само за да се одмрзне процесот и Македонија да започне преговори со ЕУ.
Глигоров смета дека потпишувањето на договоро за пријателство со Бугарија е важен чекор затоа што Скопје има потреба од земји кои што не создаваат проблеми како што тоа сега го прават Грција и Србија.
Според него признавањето на Македонија од страна на Бугарија е од големо значење заедно со признавањето од Русија и Кина.
За разлика од турските инвестиции во регионот тој смета дека Кинеските инвестиции се подобри затоа што Пекинг се води од бизнисот а не од геополитички причини.





