Европскиот првак го демолира Кристијанштад со 31-15 и остана непоразен во првиот, поголемиот дел од групната фаза во од Лигата на шампионите. Црвено црните денеска во 10 круг беа феноменални, а нашиот голман Арпад Штербик одново дејствуваше како лидер кој го олесни и овозможи триумфот, и сиот едноставен и позитивен развој на настаните во арената Јане Сандански. Чуварот брзо се наметна во мечот, па Вардар поведе со 10-5, а се заврши уште во првото полувреме кога скопјани поведоа со импресивни 14-8. Во вторите 30 минути веќе немаше дилеми, па навивачите останаа во егзалтација броејќи ги одбраните на Арпад, но и премалиот број искористени напади на гостите. Штербик на крајот имаше 18 одбрани, а кај нас, во реализаторскиот дел Тимур Дибиров постигна седум, Игор Карачиќ беше стрелец на пет, а по четири погодоци постигнаа Иван Чупиќ и Хорхе Македа.
Ова беше 10 коло, по кое следи двомесечна пауза во натпреварите од ЛШ, а Вардар со 18 бода е сигурен лидер во А групата што, ако нема изненадувања, ќе му овозможи да го прескокне осминафиналето и да заигра директно во четвртфиналето, што пак, е последна и единствена пречка за пласман на нов Фајнал фор.




