Финалистот од последните 4 изданија во Лигата на шампионите ЖРК Вардар новата сезона во Лигата на шампионите ќе ја започне со средба во петок против унгарскиот тим Ференцварош.  Црвено црните и лани ја започнаа сезоната со Унгарките и тоа само со реми од 27-27 во Скопје.



„Секоја година играме на завршниот турнир Ф4 од Лигата на шампионите, секој резултат под тоа ќе биде неуспех. Сами си ја наметнавме улогата на фаворит и мора да ја оправдавме“ рече Јованка Радичевиќ во најава на средбата со ФТЦ.

„Добро е што првиот натпревар од ЛШ го играме дома. Играме против ФТЦ, добра екипа која е кандидат за пласман на завршниот турнир во Будимпешта. Имаат квалитетни играчи, но ние сме подобри“ рече тренерот на ЖРК Вардар, Ирина Дибирова.

Натпреварот Вардар-Ференцварош е в петок од 19 часот и е прв од првото коло во групната фаза од Лигата на женските ракометни прваци.