Ван ден Берг: Радев не ја сака Македонија во ЕУ и ја тера да бара алтернативи

На најновиот потег на бугарскиот претседател Румен Радев, кој во Будимпешта се пожали за „вознемирувачките трендови“ во Македонија по изборите и побара поддршка од Унгарија, реагира холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг.



„Откако прорускиот претседател на Бугарија, Радев, одби да се сретне во Рим со претседателката на Македонија, Силјановска, Радев ја продолжува својата крстоносна војна преку друг проруски лидер: премиерот на Унгарија, Орбан. Колку повеќе Радев го продолжува овој курс, толку повеќе причини Владата на Македонија да бара алтернативи за ЕУ“, коментира на Ван ден Берг на Твитер.

„Прерано е да се суди за ВМРО/претседателката на Македонија, а има многу докази за прорускиот став на Радев. Вистината е: Радев не ја сака Македонија во ЕУ, на рамна нога. Неговите нереципрочни диктати, неговото непочитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права итн., само го потврдуваат ова. Ќе жнее што посеал“, заклучува Холанѓанецот во нов твит.