Ваневска: Да си даде отказ тој што напишал прекршочна пријава за Асани

Поранешната адвокатка а сега нотар Лорија Ваневска, која беше кандидат за прв човек на Јавно обвинителство, цитирајќи го Законот за кривична постапка тврди дека прекршочна пријава не следува за нападот што го извршил функционерот на ДУИ, Беќир Асани, туку кривична.



„Ако физичко лице попречува службено лице при вршење на службената должност, а уште повеќе, ако тоа го нападне, па макар и вербално, службеното лице, тоа се третира како кривично дело казниво по Кривичниот законик, а не прекршок. Тој што ја напишал пријавата веднаш да си даде отказ“, вели Ваневска.