Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека изминатата ноќ нешто по полноќ, во Лозница бил убиен еден полицаец, додека друг е тешко ранет, јавува Б92.
„Вечерва околу 00:55 часот во Лозница, при контрола на возилото на полициски пункт во Липнички Шор, полициски службеници запреле мерцедес во кој имало две лица.
При излегување од возилото, едно лице пукало од пиштол, погодувајќи во гради полицаецот Н.К.(1990), а во рамото полицаецот В.И.(1974), по што избегал.
Двајцата полицајци биле пренесени во Општата болница Лозница, каде Н.К. им подлегнал на повредите.
На лице место полицијата го пронашла пасошот на осомничениот, издаден од властите на Косово на име Х.А.
Силни полициски сили интензивно трагаат по напаѓачот, полициски службеници од полициската управа Шабац, а на терен се и Управата за криминалистичка полиција, Управата за гранична полиција и припадници на Специјалната антитерористичка единица, подигнати се беспилотни летала и хеликоптери. .
Истрагата на вишиот јавен обвинител од Шабац и припадници на полицијата е во тек.
„Од МВР и од мое лично име упатувам најдлабоко сочувство до семејството на убиениот полицаец“, рече Дачиќ.





