„Непотпишувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, не е изненадување, разочаран сум од постапката“ реколл вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи кој денеска оствари средба со косовската министерка за европски интеграции, Дурата Хоџа.
Претседателот треба да биде кохезивен центар на општеството кој треба да ги спои етничките заедници и различните општествени групи, рекол Османи.
Неговата колешка по евроинтеграции од Косово, Хоџа истакнала дека во нивната земја веќе има три службени јазици – албанскиот, српскиот и турскиот.
Изјавата на Османи може да се види подолу




