Бучковски: Делчев е Македонец кој се борел под закрилата на бугарската држава Македонија да биде независна и во иднина да живееме во заеднички сојуз

Некогашниот премиер Владо Бучковски, пред неколку години и специјален пратеник на Владата за односите со Бугарија, во интервју за Бугарското национално радио (БНР) даде сопствено видување за припадноста на револуционерот Гоце Делчев.



„Гоце Делчев е наш, Македонец, кој се борел под закрилата на бугарската држава Македонија да биде независна и да можеме заедно да живееме во иднина како дел од еден заеднички сојуз. Ако ние се враќаме на тоа што мислел тој од Кукуш, а Кукуш денес е во Грција, ќе сфатите колку е голема трагедијата и на Македонците, и на Бугарите, и на сите оние кои по Берлинскиот договор страдале зоѓто биле разделени помеѓу две или три држави“, одговори Бучковски.