Букурешт „во пламен“: Илјадници луѓе на протест (ВИДЕО)

 

Во главниот град на Романија синоќа избувнаа нереди по одлуката на романската Централна изборна комисија (ЦИК) да ја отфрли кандидатурата на независниот десничарски кандидат Калин Ѓорѓеску за учество на претседателските избори.



Неговите приврзаници синоќа се обиделе да ја урнат оградата пред ЦИК, а во центарот на Букурешт се судриле со полицијата која била гаѓана со камења, петарди и шишиња, јавуваат романските медиуми.

Во конфликтот со приврзаниците на Ѓорѓеску повредени се неколку жандарми, а полицијата употребила и солзавец, објави порталот Диги24.

Демонстрантите запалија оган и фрлаа тешки предмети кон полицијата, која одговори со солзавец, соопштија безбедносните служби.

ЃеорЃеску, кој го критикува НАТО и се противи на поддршката на Романија за Украина против руската инвазија, поднесе кандидатура за повторените избори закажани за 4. мај.

Централната изборна комисија имаше 48 часа да ја прифати или одбие апликацијата. По одбивањето, Ѓеорѓеску сега има 24 часа да поднесе жалба на одлуката на комисијата, која поттикна стотици негови приврзаници да излезат на улиците, во судир со безбедносните сили пред седиштето на комисијата во центарот на Букурешт.