Бугарски политичар „по паметот“ на Трамп ќе ја обединувал Македонија со Бугарија

 

 

Лидерот на бугарската крајнодесничарска партија „Воздраждение“ Костадин Костадинов го поддржа и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој сака Канада да стане 51-та американска држава.

Во објава на Фејсбук тој прави паралела и вели дека на ист начин Бугарија треба да ги претстави своите претензии на Јужна Бесарабија и кон – Македонија.

„Иста е ситуацијата и со Македонија. Нема ништо пологично две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и обични луѓе да станат една земја.

Сличен е и случајот со Јужна Бесарабија.

Тој е дел од бугарската држава повеќе од 450 години, Бугарите се домородното население на овој регион (од 6 век) и до денес се мнозинство од населението.

За споредба, Украина ја поседува Јужна Бесарабија само 34 години. Затоа нема ништо пологично од обединување на Бугарија и Македонија во една заедничка држава, како и враќање на Јужна Бесарабија назад во Бугарија.

Украина се распаѓа и на идниот мировен конгрес кој ќе одлучува за судбината на неуспешниот т.н Украинска државност, Бугарија мора да ги тврди своите претензии кон бугарска Бесарабија“, пишува Костадинов на социјалната мрежа.