Бугарски писател: Радев треба да се извини и да ја заштити Силјановска!

Божидар Чеков, писател од Бугарија од семејство на бегалци од вардарскиот и од егејскиот дел на Македонија, чии дедовци учествувале во Илинденското востание, со дијаметрално спротивен став од доминантниот во Софија за неистакнатото македонско знаме при фотографирањето на претседателите Румен Радев и Гордана Силјановска-Давкова.



„РАДЕВ МОРА ДА ЈА ЗАШТИТИ СИЛЈАНОВСКА!

Скандалот со знамето е на пат да го уништи нашето зближување со Македонија! Бугарскиот претседател не е виновен за отсуството на државното знаме на соседите со кои со години имаме затегнати односи. Околу него има луѓе кои се платени за уредување на декорот, од цвеќиња до знамиња. Тие мора да сносат соодветна одговорност.

Сепак, Радев не може да остане рамнодушен за нанесената навреда. Кога Силјановска самоиницијативно го прегрна нашиот претседател, на сите им стана јасно дека оваа жена, која со години беше предводник на антибугарската пропаганда во Скопје, чувствува дека Бугарите не се она што го прочитала во книгите на Тито. Таа се осмели на сите да им покаже дека се почувствувала како дома, меѓу пријатели. За овој нејзин искрен гест и отсуството на знаме, таа ќе биде срамнета со земја во Скопје.

Затоа, бугарскиот претседател треба да се извини и да ѝ помогне на Силјановска во пожарот во кој Бугарите ја турнаа гостинката!“, коментира Чеков на Фејсбук.