Договорот за решавање на спорот со Бугарија со промена на уставот за признавање на бугарско малцинство „нема да помине и нема да има уставни промени додека сум јас овде“.



Овие зборови на новиот македонски премиер Христијан Мицкоски ги пренесуваат бугарски медиуми кои известуваат за вчерашниот избор на новата влада .

Во извештаите се вели дека пратениците ја одобрија новата влада на премиерот Христијан Мицкоски, во која доминираат националистите, чија партија победи на парламентарните избори во мај, врз основа на гневот на гласачите поради бавното темпо на интеграција во Европската унија.

Мицкоски изјави дека Владата ќе остане посветена на евроинтеграциите, пренесе Њуз.бг.

„Продолжуваме да стоиме заедно со нашите партнери од ЕУ и заедно ќе ја усогласиме заедничката надворешна политика со ЕУ“, рече тој.

Но, Мицкоски рече и дека претходно договорениот договор за решавање на спорот со Бугарија со промена на уставот за признавање на бугарско малцинство „нема да помине и нема да има уставни промени додека сум јас овде“, пишува Њуз.бг.