Иван Кондов, постојан секретар на Министерството за надворешни работи на Бугарија, ја обвини Македонија за „силно несакање“, како земја-членка на НАТО, да направи нешто за Алијансата, мислејќи на железничкото поврзување во рамките на коридорот 8.
„Од наша страна, остануваат околу 2 километра што можат многу брзо да се изградат. Тие веќе се во владината програма за изградба. Целиот преостанат дел од Коридорот е готов на бугарска територија, додека имаме некои многу тешки 23 километри од страна на Северна Македонија и воопшто не се подготвени. Тука, според мене, се соочуваме со едно силно несакање на земја-членка на НАТО да направи нешто што е во полза на НАТО“, рече на конференција за надворешната политика, одбраната и одбранбената индустрија службениот шеф на бугарската дипломатија накратко во 2023 година и од август 2024 до јануари 2025 година, како и амбасадор на Бугарија во Шпанија од 2017 до 2021 година, за соседот, кој според воената помош по жител е еден од најголемите донатори на Украина меѓу земјите-членки на НАТО.
На конференцијата беше забележано дека, покрај како цивилна инфраструктура, врските би биле корисни и за НАТО.





