Македонскиот премиер Христијан Мицкоски е првиот човек кој го интернационализираше прашањето за Македонците пред Европската Унија(ЕУ), коментираат бугарските аналитичари.
„При официјалната посета на Брисел пред три седмици Мицкоски што ѝ кажа на Урсула фон дер Лајен? Бугарија на реципрочна основа треба да го признае македонското малцинство во Пиринскиот крај. 1947 година Бугарија признала македонско мнозинство. Знаете што кажала Урсула фон дер Лајен? Молчела, ништо не кажала, нема реакција. За првпат Македонија е европеизирана“, велат аналитичари од Бугарија.
Мицкоски за време работната посета во Брисел побара да не се додаваат зачини во процесот за евроинтеграции. Тој присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Извор :





