Одлуката на Бугарската патријаршија во врска со барањата на Македонската православна црква, која беше донесена на седница на Светиот Синод на 27 ноември 2017 година, претставува почетокот на еден процес.



Пред 104 години, српските и грчките окупатори ги уништија епархиите на бугарската Егзархија во Македонија. Србите ја окупираа Вардарска Македонија во текот на Првата Балканска војна (1912-1913 година) и ја прогласија за јужна Србија со „прави“ ( вистински) Срби, вели бугарскиот академик и историчар Героги Марков.

Грците ја окупираа Беломорска Македонија и ги прогласија Бугарите за „Елини што боруваат бугарски“”. Потоа ги истераа бугарските митрополити, свештеници и учители. Ги затворија бугарските цркви, училишта и читалишта и ги претворија во српски и грчки.

По една трагедија на Бугарската црква во Македонија има надеж за враќање, но овој процес ќе биде многу тежок, бидејќи ќе биде поврзан со отпор, пред сè на Српската православна црква, но зад неа стои Московската Патријаршија, и најверојатно и  Вселенската патријаршија поради бугарските цркви во Егејска Македонија претворени во грчки.