„Оваа влада и ова мнозинство се штетни за државата“, одговорила лидерката на бугарските социјалисти (БСП) Корнелија Нинова, на прашањето на претседателот Румен Радев дали БСП може да формира кабинет или сака избори.
„Агонијата во која ја ставија државата може да заврши со избори, смета таа.
Кабинетот беше создаден злобно со измами на очекувањата на луѓето и перење на мафијата.
Мандати се доделуваа за 9 месеци. Го убија парламентаризмот…Уште 9 месеци власт гарантира неизвесност, а адкулисно мафијата ќе се официјализира и ќе ги заземат највисоките позиции“, смета Нинова.
Да потсетиме, бугарскиот премиер Николај Денков минатата недела поднесе оставка од премиерската функција.
Минатата година партијата ГЕРБ и прозападниот блок предводен од „Продолжуваме со промената“ на кој ѝ припаѓа Денков потпишаа договор според кој министерката за надворешни работи Марија Габриел ќе ја преземе премиерската функција откако Денков ќе го заврши деветмесечниот мандат.
Но, левичарите не гледаат можност да формираат мнозинство во овој парламент и не би учествувале во кабинет во рамките на ова Народно собрание.
Средбата на Румен Радев со претставниците е во рамки на консултациите за формирање нова влада по поднесената и прифатена оставка на премиерот Николај Денков, јави Њуз.бг.






