Бугарскиот премиер ѝ го честита Илинден на Македонија, акцентирајќи го „заедничкото минато“

Премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Димитар Главчев, упати честитка до Македонија и до нејзините граѓани по повод македонскиот национален празник 2 Август.



„Шефот на дипломатијата го истакна нашето заедничко минато и им оддаде почит на хероите кои ги жртвуваа своите животи за доброто на идните генерации, како и ја сподели желбата за воспоставување добрососедски односи со јасна свест за придобивките од градењето заедничка иднина во рамките на Европската унија“, се вели во соопштението на бугарското МНР.

Главчев ја потврдил и подготвеноста на Бугарија да продолжи да дава поддршка во напорите на Македонија во насока на исполнување на критериумите за членство во ЕУ.

„Исто така, премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија изјави дека ‘со храбри и одлучни чекори за спроведување на постигнатите договори, Република Северна Македонија може брзо да го заземе своето место во нашето европско семејство’“, се додава во соопштението.