Бугарскиот клуб – Скопје на 22-ри во Смилево ќе го слави Илинденско – Преображенско востание

Бугарскиот културен клуб – Скопје на 22 јули во селото Смилево организира прослава на „Илинденско – Преображенско востание“ како што пишува во официјалната објава од оваа институција.



Бугарскиот културен клуб во Скопје е финансиран од Агенцијата за дијаспора на Република Бугарија а има за цел културно и национално издигнување на Бугарите во Македонија.

Според поканата на клубот на свеченоста во Смилево се поканети премиерите на Бугарија и Македонија Бојко Борисов и Зоран Заев како и претседателите Румен Радев и Ѓорги Иванов.

Клубот често пати организира дебати и настени во кои се негира постоењето на Македонскиот национален идентитет како измислица на „Коминтерната“ а една од книгите кои што таму можете да ги добиете бесплатно е „Десетте лаги за македонизмот“ на историчарот Божидар Димитров по чиј налог е отворен клубот кога тој беше министер за дијаспора во бугарската влада.

Македонската влада која што денеска го брани договорот за пријателство со Бугарија досега не информираше дали дала дозвола или е коорганизатор на оваа прослава.

Засега нема потврда ниту за учество на Претседателот Иванов или премиерот Заев на настанот во Смилево.