Бугари со навреди кон првиот македонски претседател Киро Глигоров и Македонците

Бугари на информативната мрежа Википедија упатуваат официјални навреди кон првиот македонски претседател Киро Глигоров и кон сите Македонци кои не сакаат да бидат именувани поинаку.



На објава на бугарски јазик на Википедија која говори за луѓе од Бугарија кои наводно имале врски со Македонци и со семејството на Киро Глигоров првиот македонски шеф на државата се нарекува прв ,,северномакедонски” претседател.

Глигоров е наречен „северномакедонски“ претседател и покрај тоа што тој почина 6 години пред договорот од Преспа, а во договорот се наведува националноста како „македонска“.

Во ниту еден документ од тие што Македонија го потпиша со Бугарија не стои дека Македонците ќе се нарекуваат со навредливиот назив северномакедонци.

Зошто Бугари свесно ги иритираат Македонците и ги навредуваат заедно со нивниот прв претседател е тешко да се разбере освен како намерна провокација и обид за понижување.

За овој класичен говор на омраза засега не реагираат ни бугарските и македонските власти.