Бугарија со нов план за издавање државјанства на Македонци

Бугарскиот потпретседател на владата Валериј Симеонов најавува нов план со кој што Бугарија ќе може значително да го зголеми бројот на своите жители на сметка и на Македонија и на други земји.



Тој за бугарските медиуми најавил дека владата планира законски промени со кои што Софија ќе го забрза давањето бугарско државјанство и работни дозволи со цел да се привлечат Бугарите кои што живеат во земји кои што не се членки на ЕУ.

Покрај Македонија како главна цел во планот, Бугарија планира во наредниве години да издаде стотина илјади пасоши на Македонците во Албанија, но и на граѓани на Србија, Молдавија и Романија.

Според вицепремиерот Симеонов неговиот шеф Бојко Борисов постигнал триумф во надворешната политика поради неговите односи со Македонија, Турција, Русија и западна Европа. Според него Борисов е одличен медијатор кој што се стекнал со одлични вештини во текот на политичката кариера.