Бугарија го чека објавувањето на резултатите од пописот на населението во Албанија, прв по признавањето на бугарското национално малцинство во таа земја.



Бугарија се надева дека Албанија ќе ја задржи својата конзистентна позиција за целосно гарантирање на правата на националните малцинства и се радува на усвојувањето и спроведувањето на преостанатите подзаконски акти поврзани со Рамковниот закон од 2017 година.

Рама пак ја нападна Бугарија: Заради вашиот спор со Македонија блокирани сме за ЕУ

„Бугарија доследно го поддржува приемот на Албанија во ЕУ и зазема активна позиција во корист на клучните одлуки за европскиот пат на земјата“, изјави претседателот на Народното собрание Росен Жељазков на средбата со претседателот на Албанија Бајрам Бегаи во Тирана.

Бугарска парламентарна делегација, предводена од Жељазков, е во официјална посета на Тирана на покана на албанската претседателка на парламентот, Линдита Никола.

„Бугарското малцинство ги има сите можности за развој и апсолутно еднакви права со останатите албански граѓани, изјави претседателот на Албанија“, Бајрам Бегаи.

По средбата со претседателката на Народното собрание на Република Албанија, Линдита Никола Жељазков изјави дека Бугарија е подготвена да даде експертска помош во процесот на пристапување на Албанија во ЕУ.