Тоа е едно од „барањата“ кои се дел од вчера изгласаната Декларација во бугарскиот парламент.
Декларацијата е донесена на предлог на проруската партија „Преродба“ и се состои од три точки.
Во првата се повискува македонската Влада да ја изгради трасата од паневропскиот Коридор 8 на македонска територија, која води до Бугарија.
Во втората се повикува на продолжување на прекинатиот дијалог и запирање на „антибугарската кампања и провокативни изјави“ во Македонија.
Во третата точка се потврдува војлјата на бугарската држава за организирање на заеднички историски настани и личности и несогласување со одрекувањето од заедничката историја на Македонија и Бугарија од страна на членови на македонската Влада.





