Претседателот Румен Радев ги потпишал двата укази за именување на привремена влада и за закажување предвремени парламентарни избори.



Изборите ќе се одржат на 27 октомври.

Во 11 часот по бугарско време, кабинетот „Главчев 2“, како што го нарекуваат бугарски медиуми, ќе положи заклетва во Собранието со три измени во составот во однос на актуелната сегашна привремена влада.

Првата задача на новиот кабинет е да се подготви за изборите. Владата ќе работи и на подготовка на предлог-буџетот за 2025.

Првиот обид да се формира кабинет со премиерката Горица Кожарева пропадна поради одбивањето на Кожарева да го смени министерот за внатрешни работи Калин Стојанов и одбивањето на претседателот да потпише указ.