Бугарија има ексклузивни односи со Македонија!

Мое најголемо задоволство беше што земјите од Западен Балкан, како Македонија, со која веќе имаме ексклузивни односи, го поздравија Бојко Борисов на самитот во Давос.



„Историскиот момент за Балканот е сега“, изјави Лилјана Павлова министерката задолжена за бугарско претседателство на ЕУ за учеството на Бугарија на Светскиот економски форум во Давос.

„Значајно е на самитот на 17-ти мај да може да ги собереме сите лидери и да се потпише изјава во Софија, која што ќе биде јасен и силен политички сигнал дека ова ќе остане долгорочен приоритет за Европа“, рече Павлова, како што пренесува бугарската агенција Фокус.

Првиот чекор е политичкиот консензус, рече таа, а вториот е идентификувањето на значајните стратешки локации што може да се реализираат во балканските земји од следната година.

Според агенцијата, по поранешниот премиер Симеон Сакскобурготски, Бугарија во Давос беше поканета по цели 13 години.

Пред две години тема на Форумот била Америка, минатата година Кина, а годинава Европа.