Бугарија: Гласање за недоверба на владата

Бугарските пратеници денеска во 13:45 часот ќе гласаат за првиот предлог за недоверба на владата на премиерот Росен Жељасков. Ова го најави претседавачот на пленарната седница, Драгомир Стојнев, откако вчера завршија четиричасовните дебати по ова прашање, јави БТА.



Предлогот за недоверба, поднесен на 26 март, е иницијатива на партијата „Преродба” и е поддржан од „Морал, единство, чест” (МЕЧ) и “Величина”.

Според иницијаторите, Владата на Жељазков доживеала неуспех во областа на надворешната политика.

Кабинетот на Жељазков ја презеде власта на 16 јануари оваа година.

Владата на Росен Желјазков ужива само 22% одобрение, а неодобрувањето со владеењето е 46 проценти, покажуваат податоците од анкетата на „Маркет Линкс“ спроведена во периодот од 22 до 30 март меѓу 1.004 возрасни лица,јави Њуз.бг.

Според анкетата, ниско ниво на доверба имаат ниска доверба.

Така Националното собрание ужива 12% доверба наспроти 66% недоверба.

Уставниот суд ужива 19% одобрение наспроти 49% неодобрување…