Во понеделник или ќе биде врачен мандат за состав на нова бугарска влада, или директно ќе се знае дека одиме на избори. Едедно од двете. изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.



Според договорот на најголемите политички партии, ГЕРБ и „Продолжувеме со промената“, досегашниот премиер Николај Денков, минатата недела поднесе оставка по 9 месеци, а следната влада треба како премиерка да ја води вицепремиерката и шефица на бугарската дипломатија, Марија Габриел.

Борисов истакна дека ако Марија Габриел успее да состави влада што ќе може да управува, тие ќе ѝ дадат 69 гласа.

Ако не , тогаш ќе се знае дека до изборите повеќе нема да има разговори.

Поради прогласениот ден на жалост вчера, претседателот Румен Радев го откажа за понеделник – 18 март, врачувањето на мандатот за состав на влада на кандидатот за премиер именуван од ГЕРБ-СДС.