Додека во Атина врие на протестите против употребата на терминот „Македонија“ во името на соседната земја, а помеѓу два протеста посредникот Нимиц го посети и Скопје, за бугарските медиуми е најинтересна куќата на премиерот Зоран Заев на Халкидики, во туристичкото место Неа Мудања.
Онлајн изданијата на позвучните „Труд“, „Монитор“, а и другите пишуваат дека луксузната куќа на Заев чинела 100 илјади евра, но истовремено пренесуваат анализи и од грчките медиуми и брокерски агенции, кои, пак, тврдат дека вилата на македонскиот премиер е многу поскапа од наведената сума, односно дека чини 300 илјади евра.
Според грчките проценки, куќа во првиот ред, веднаш до морето, со три ката, не може да вреди само 100 илјади евра.
Во куќата, според медиумите, чести гости на Заев биле политичари од Скопје и од Косово, како и познати бизнисмени од земјава и од странство.




