Драматичната изјава на првиот човек на Бугарската академија на науките и практиките (БАНИ), извесниот, Григор Велев, дека во Република Македонија живеат 1,1 милион Бугари е само муабет на човек кој се нашол на сегашната водечка позиција во БАНИ и кој само се повинува на големобугарската историја потчинета на политиката на официјална Софија за и околу нејзината иредентистичка политика кон Македонија.
Извесниов Велев, кој досега бил во сенка на „јастребите“ на големобугарштината – (Божо Димитров, Красимир Каракачанов, еден поранешен бугарски престедател од Пловдив кој во Македонија го гледал „најромантичниот дел од бугарската историја), политика која го негира македонсјкиот идентитет, држава, историја и јазик, – се стави во служба на бугарските политичари околу нивната идеја за „ребрендирање“ на македонштината по сите основи зацртана во Договорот за добрососедство.
Срамно за научник.
Велев, кој ќе има директна улога во формирањето на комисијата која треба да ги надмине историските спорови пресметал дека 2,5 милиони Бугари во денешна Бугарија имаале крвна врска со граѓаните на Вардарска и Егејска Македонија(!?).
Симптоматично е што изјавата доѓа во врее кога Бугарија „од петни жили“ се обидува да искамчи „бугарско малцинство“ во Албанија и на 200 километри воздушна линија да најде свој народ во Гора, Голо Брдо и Преспа. Целта е јасна: И географски да се негира идентитетот на народот межу овие две географски должини.
Но, она што загрижува дополнително е дека историската офанзива од исток доаѓа паралелно со засилената дипломатска офанзива од југ и со обидите на Грција да изнуди ревизија на македонската историја, нешто што и конвенира и на официјалниот од Софија.
Во врема кога и една маргинална фигура, но сепак министер за надворешни работи на Србија, со име И. Дачиќ, најавува промена на политиката за обраќање кон Македонија.
И, конечно кога во Македонија се води внатрепартиска битка за воведување на уште еден официјален јазик во државата.
Бугарија инсистира договорите со Македонија да ги потпишува на „официјалниот јазик“ во РМ.
На кој!?





