Сосема непотребна политичка конотација добива пријателскиот меч што вечерва (20.30) се игра во Скопје меѓу кошаркарските селекции на Македонија и Бугарија. Дел од нивните репрезентативци на социјалната мрежа Фејсбук објавија статус во кој велат дека доаѓаат во Југо-западна Бугарија, што е провокација “пар екселанс” од и за спортистите. Павел Бојков Маринов, Станимир Маринов и Мартин Маринов можеби мислеле на нешто друго, можеби и ќе се извинуваат, но факт е дека малку провоцираат. Веројатно само малку зошто, сепак, се е јасно и секому му е кристално чисто дека тие вечерва играат пријателска кај соседот кој секогаш бил коректен. Или можеби вечерва нема да биде.

И Македонија и Бугарија се подготвуваат за претквалификации за СП, и овие и вакви натпревари се неопходни, но најдобро би било се да биде концентрирано на играта, а не на споредни работи. Дуелот е закажан за 20.30, се игра во Борис Трајковски во Скопје, а влезот е бесплатен.





