Денеска, 27.02.2025 година ќе се одржи третиот бојкот против големите трговски ланци во Бугарија.
Организаторите на иницијативата дури повикаа и на проширување на протестните акции со бојкот на банките, јавува Њуз.бг.
Освен да не пазарат во големите супермаркети, организаторите на бојкотот апелираат и да се избегнува плаќање со платежни картички.
Првиот бојкот на големите трговски ланци се случи на 13 февруари, а тој ден прометот на супермаркетите падна за близу 30%.дна недела подоцна, на 20 февруари, се случи втор бојкот.
65,1% од Бугарите имаат тенденција да ги бојкотираат големите трговски синџири кога цените на храната растат, 21,8 отсто се против, а останатите 13,1 отсто не се изјаснуваат.
На ова укажуваат податоците од анкетата спроведена во периодот 6-16 февруари меѓу 803 возрасни лица.






