Милен Врабески, председател на Фондацијата „Б’лгарска памет“, во денешното обраќање до бугарската јавност преку агенцијата БГНЕС вели дека лично се ангажирал околу многу настани кои во последно време се случија во регионот и не се согласува со критиките дека луѓе (како него) кои не се историчари или духовни лица не требало да се мешаат во работи кои го засегнуваат духовното единство на бугарската нација.

Тој вели дека и со ангажман на неговата Фондација, се постигнал Договорот за добрососедство со Македонија кој „висел 20 години“, како и успехот Албанија да го признае бугарското малцинство во таа земја.
Она што е интересно е неговата изјава е дека „има можност, пробугарски кандидат да победи на локалните избори во регионот на Мала Преспа(Албанија) каде што традиционалните ставови се македонски“.
Врз основа на што ја темели оваа прогноза Врабески не објаснува.
Инаку, тој е еден од најгласните поддржувачи на идејата дека Бугарската православна црква треба да го прифати писмото на МПЦ-ОА во кое се бара БПЦ да стане „црква-мајка“ на македонската.




