Бубевски: Кој му дал возило на Васил кој ја усмрти Фросина

„Васил очигледно располага со некое возило (…) Проширена е постапката и кон родителите и дадени се соодветни наредби и до Министерството за внатрешни работи, односно до Секторот за внатрешни работи Скопје – да ги испитаат овие околности во однос на тоа кој му давал средства за бензин на возилото, од кога е возилото, кога го употребувал, кога е купено…



Значи сето тоа ќе биде предмет на анализа. И евентуално, ако може да се стават тие дејства во насока дека му се става општо опасно средство со кое е извршено кривичното дело, тоа би подлегнало на некаква одговорност“, изјави шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски на ТВ Телма.

Според Бубевски, таа постапка може да оди и во друга насока, бидејќи во моментов не се знае кои други факти би можеле да произлезат од испитувањето на околностите како тоа возило дошло во рацете на обвинетиот, објави Дојче веле