БТВ: За Албанците во Македонија , Бугарија е мајката

Во своја репортажа од Скопје за размислувањето на граѓаните во врска со договорот со Бугарија, Националната телевизија на источниот сосед разговарала со граѓани Албанци.



Според репортажата снимена во старата турска чаршија во Македонија деновиве има само две теми, едната е супер купот на Европа во кој на 8 август играат Реал и Манчестер Јунајтед а втората е македонско – бугарските односи.

Бугарската национална телевизија пренесува изјава на извесен Таир кој што се чуди зошто на две братски држави им требало да потпишуваат договор за пријателство.

„Јас со брат ми не потпишувам договори“, изјавил Таир за БТВ. Според него како што се вели во репортажата, бугарската држава во овој братски однос е постара од Македонија односно  е “земја мајка“.

БТВ во својот извештај ги фали и монасите во манастирот Бигорски кои што го поздравиле договорот а игуменот Партениј рекол дека овој историски акт ќе донесе само добро за Македонија и ќе стави крај на омразата меѓу братските балкански народи.