Муслиманите се малцинство во Европа, со население од 4,9 отсто од вкупниот број на жители во Европа. Но, во некои земји, како што се Франција и Шведска тоа може да нарасне во следните децении, па дури и да се удвои. Демографските промени, кои потекнуваат од миграциската криза, веќе доведоа до политичка и социјална нестабилност во многу европски земји.
Но, во некои европски земји може да порасне тројно до 2050 година, покажува новата анкета на седиште во САД организација Pew Research Centre, насловено како „Растечкото муслиманско население во Европа“.
Франција и Германија имаат најголемото муслиманско население во Европа. Кон средината на 2016 година во Франција имаше 5.7 милиони муслимани (8,8% од населението), а во Германија – 5 милиони муслимани (6,1%). Бројот а Муслиманите во Германија може да се зголеми до 19,7 проценти од вкупното население до 2050 година, доколку миграцијата продолжи.
Од земјите членки на ЕУ најголем процент на муслимани во населението е забележан во Кипар. На островот живеат 300 000 муслимани или 25,4 отсто од населението.
Процентот на муслиманите во Европа се зголемува и ќе продолжи да расте во наредните децении, а до 2050 година се очекува најмалку да се удвои.
Муслиманите во Европа се во просек многу помлада популација и имаат повеќе деца од Европејците. Во 2016 година, просечната возраст на муслиманите во Европа била 30.4 години, или 13 години помлади од другите Европејци (43,8 година). Дури 50 отсто од сите европски муслимани се под 30 години.
Муслиманките во Европа имаат во просек по 2,6 деца, што е за едно дете повеќе од средното ниво при немуслиманските жени.
Од средината на 2010 година до средината на 2016 година 2,5 милиони муслимани пристигнаа во Европа. Околу 1,3 милиони муслимани добиле бегалски статус, што им овозможува да останат во Европа.
Односот кон муслиманите варира во различни земји. Студија на Pew Research Center во 10 држави покажува дека негативните ставови кон муслиманите преовладуваат во Источна и Јужна Европа. Мнозинството испитаници во Велика Британија, Германија, Франција, Шведска и Холандија се изразуваат позитивно за муслиманите.





