Иако Македонија се граничи со Бугарија, а Велика Британија е 2,5 илјади километри подалеку, британските туристи кај источниот македонски сосед во февруари биле побројни од македонските – 32,9 илјади наспроти 29 илјади.
Пред Македонија во овој поглед се и Романија со 171,2 илјади, Турција со 156,5 илјади, Грција со 98,8 илјади и Србија со 42,7 илјади.
Македонија е шеста и во однос на најомилените дестинации на Бугарите со 25,5 илјади туристи во вториот месец од годината.
Бугарските граѓани повеќе патувале во Турција (125,2 илјади), Грција (111,8 илјади), Романија (63,3 илјади), Србија (44,7 илјади) и Германија (30,8 илјади).






