Велика Британија во петокот воведе санкции за две „екстремистички“ групи и четири лица во Израе обвинети за насилство врз Палестинци во Западниот Брег, што е најновиот пакет мерки против израелските доселеници, пренесува Ројтерс.
Британското Министерство за надворешни работи ги наведе Hilltop Youth и Lehava за групи за кои се знае дека го поддржувале, поттикнувале и охрабрувале насилството врз палестинските заедници на Западниот Брег.
Четворицата санкционирани Израелци се одговорни за кршење на човековите права врз овие заедници, се додава во соопштението.
Насилството на Западниот Брег врз Палестинци ескалираше по нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон рече дека израелските доселеници- екстремисти ја поткопуваат безбедноста и стабилноста и ги загрозуваат изгледите за мир во Западен Брег.
„Израелските власти мора да извршат притисок врз одговорните. Обединетото кралство нема да се двоуми да преземе дополнителни дејствија доколку е потребно, вклучително и преку дополнителни санкции“, рече тој.






