Брисел односно Европската унија понекогаш од луѓето од Западниот Балкан се доживува како црна кутија чии податоци тешко се дешифрирааат но има и примери како стратешкото размислување може да се трансформира во акција, вели Ивица Боцевски, екс вицепремиер за евроинтеграции.
Дипломатот кој до неодамна беше македонски специјален претставник на Македонија за време на унгарското претседавање со ЕУ вели дека кога го порачува ова може да зборува во името на сите земји од Западен Балкан.
,,За време на унгарското претседавање со ЕУ 🇪🇺, не бевме третирани како кандидати, туку како де факто членки на Унијата. За нас, Брисел понекогаш се доживува како црна кутија, која произведува одлуки кои тешко се дешифрираат. Но за време на унгарското претседавање со ЕУ бевме целосно брифирани за секој аспект на европската интеграција, за унгарските иницијативи и за можностите што претстојат. Тоа е одличен пример за тоа како стратешкото размислување може да се трансформира во конкретна акција”, вели Ивица Боцевски, поранешен специјален претставник на Владата во унгарското претседателство со Советот на Европската унија на Република Македонија.
Боцевски овие пораки ги упатил на последниот панел на високо ниво на Балканскиот форум во Будимпешта 2025.
На форумот се дебатирало на тема „Премостување на јазот: Западен Балкан како безбедносна стратегија на ЕУ и НАТО“.






