БРАКО онлајн ќе продава медицински мебел

На сајтот за онлајн тргување „Ананас“, од сега ќе може да се купува и медицински мебел на БРАКО соопшти компанијата.



Веќе се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.

„На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба „Ананас“, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување“, се вели во соопштението.

Компанијата најави и дека палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.

Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.