Во Македонија има недостог од инсулините „Левемир“ и „Новомикс 30“ од компанијата Новонордиск од Данска, а пратките со ова супстанца неопходна за дијабетичарите биле стопирани бидејќи биле од бразилско производство, а во земјата влегле преку – Турција.



Од претставништвото на Новонордиск биле воздржани за коментар додека не заврши истрагата, но потврдиле дека има недостиг од овој тип инсулини, дознава Нова ТВ според која компанијата Новонордиск има свое производство во Бразил и официјален сајт, но не е познато какви промени претрпел оној кој стигнал преку Турција.

Од Министерството за здравство најавиле дека недостигот од инсулин во аптеките ќе го решат недостигот со донација, но не е познато дали данската компанија е подготвена да „подари“ инсулин чија вредност на месечно ниво е 900.00 евра.

Нова ТВ и претходно објави дека во пратките кои требало да им бидат испорачани на инсулинските аптеки за потребите на пациентите со дијабетес бил откриен сомнителен сомнителни инсулини од Бразил.

Ова информација била потврдена и од Министерството за здравство, од каде информирале дека спорните инсулини се пратени на испитување во лабораторија на Фармацевтскиот факултет.