Бугарската православна црква (БПЦ) го избра својот четврти духовен поглавар од возобновувањето на патријаршијата.



Станува збор за Даниил Видински, кој доби 69 гласа, а митрополитот Врачки Григориј – 66 гласа, 3 се неважечки ливчиња. Изборот на нов духовен отец стана неопходен откако патријархот Неофит почина на 78-годишна возраст на 13 март.

За поглавар на Бугарската православна црква во вториот круг е избран Даниил Видински.