Православната црква на Македонија – Охридската архиепископија, со писмо на 9 ноември ја замоли Бугарската православна црква да ја признае за самостојна.



Доколку Светиот синод на БПЦ ја признае Охридската архиепископија за самостојна, тогаш Македонската црква ќе ја прогласи Бугарската Православна Црква за Црква-мајка.

Денес за таа молба треба да расправа највисокото тело на БПЦ.

Митрополитот струмички, владиката Наум, вчера во анализа за БГНЕС во седум точки ја објасни нуждата БПЦ да се изјасни позитивно по барањето на МПЦ-ОА.

Одговарајќи им на оние во Бугарија кој велат „Што ќе ни се две цркви, кога и од двете страни на границата живее ист народ?“ владиката Наум вели дека „дури и да е така, ќе потсетиме дека грчкиот народ, иако е еден, има пет цркви: Александриската, Ерусалимската, Кипарската, Грчката и Вселенската патријаршија“.

Досега Македонската Православна Црква не е призната од ниту една од православните цркви.

Таа сепак побара признание од Бугарската Православна Црква, што значи дека пред Бугарија се отвора уникатна историска шанса да ја признае Охридската Архиепископија, со што ќе се продолжи политиката на зближување меѓу Бугарија и Македонија, која започна со потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство.

Молчеливо бдеење во поддршка на ова барање утринава се одржа одржи Палатата на Синодот на БПЦ со почеток во 8:30 часот.