Бојмацалиев: Внатрешна контрола во МВР ќе го разгледува приведувањето на Фуркан Салиу

Заменик-министерот за внатрешни работи Митко Бојмацалиев најави дека внатрешната контрола при МВР ќе биде вклучена околу тоа што вчера се случувало, зошто е уапсен новинарот Фуркан Салиу и на кој начин.



Тој додаде дека во моментов имаме министер кој е од политичка партија кој во минатато знаеше да се спротивстави на гласните новинари, да ги апсат, да затвораат телевизии и сосема оправдано е, вели, што граѓаните реагираат на овој начин.

Својот коментар, Бојмацалиев најави дека ќе го даде по извештајот од спроведната контрола.

На новинарско прашање дали можело и поинаку да се постапи, Бојмацалиев рече дека секогаш постојат повеќе начини да се постапува, а дали тоа бил исправниот начин ќе го покаже внатрешната контрола по случајот.